Алијанса на Албанците оди на избори со еминентни високообразовани кадри
Партиите најдоцна за три дена треба да ги комплетираат и достават до Државната изборна комисија (ДИК) листите со кандидати за пратеници и носителите на листите со кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори.
Владејачката СДСМ денеска на Конгрес ќе ги објави сите носители на листи и кандидати, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ги потврдени утре на седница на Централниот комитет ќе ги презентира задутре. Изминатиот викенд своите кандидати за пратеници ги официјализираше Беса, која предизборно коалицираше со СДСМ, одлуки дека остануваат во таа коалиција донесоа Либерално демократската партија и Партијата на пензионерите, а кон коалицијата се приклучи Демократската партија на Турците. ДПА, пак, соопшти дека настапува самостојно на изборите.
Алијанса на Албанците на Зијадин Села за овие парламентарни избори на пратеничките листи го подготвува својот најсилен тим, пренесува Глас.мк.
Како што велат од оваа партија, покрај лидерот Зијадин Села, на изборите ќе се натпреваруваат со истакнати личности, кои веќе се познати и уживат голем популарните кај албанското гласачко тело во државата.
Еминентни имиња со научни титули и високи партиски позиции, велат од Алијанса.
Покрај Зијадин Села, можни имиња за носители на листи и пратенички места се: проф. Д-р Халил Снопче од Гостивар, проф.д-р Елми Азири од Куманово, м-р Ремзи Мехмеди од Кичево, м-р Бујаре Абази од Скопје, м-р Омер Ајдини од Липково, претседател на ФРАШ, проф. д-р Арта Точи од Тетово, д-р. Флакрон Беџети од Тетово, д-р. Вулнет Ферати од Тетово, м-р Илире Даути од Желино, најактивниот и најгласниот поранешен пратеник , Сирија Рашиди.
Освен овие имиња кои веќе ги поминале пapтиcкитe филтри има и многу личности од различни професии од Централното претседателството и Централното собрание на партијата кои ce очекува дa добијат виза на Централното партиско собрание на AA , како највисоко партиско тело кое одлучува за конечни списоци за предвремените избори на 12 април.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа