Едно девојче пуштено дома другото се уште во кома - состојба на повредените од сообраќајката кај Кочани

 

На домашно лекување е пуштено едно од двете деца кои по несреќата кај Кочанско Оризари беа хоспитализирани во градската Хируршка болница св. Наум Охридски, јавува Здравство24. Се подобрува здравствената состојба и на другото дете кое во градска беше примено со потешки повреди, информираат од болницата за Здравство24. Другите 9 деца кои се на лекување во скопските клиники се чувствуваат подобро, соопштуваат лекарите од клинички. Единствено нема промени во соостојбата на најтешко повреденото 14 годишно девојче кое уште е во кома и дише со помош на апарати на КАРИЛ. Има сериозни повреди на главата и градниот кош. Нејзината другарка која е повредена во пределот на слабината е во контактибилна состојба но,уште некој ден ќе остане во центарот за интензивно лекување на клиниката. Во стабилна сосотојба се и 5-те деца кои се хоспитализирани на клиниката за Неврохирургија, како и децата кое се примени на Пластична и Детска хирургија

најчитано сега