26-годишник се шетал со пиштол на „Партизанска“

26-годишниот А.Б. од Скопје е лишен од слобода откако кај него бил пронајден пиштол.

-Синоќа во 00.20 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле А.Б.(26) од Скопје поради тоа што при преглед кај него бил пронајден пиштол „Берета“ калибар 6,35 мм, рамка со шест куршуми калибар 6,35 мм и девет куршуми калибар 6,35 мм, велат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега