ВМРО-ДПМНЕ: Прв приоритет на Заев е личното богатење, а не демократските вредности во европска Македонија
Политичката кариера на Зоран Заев е завршена. Бегањето од дебати и одбивањето да одговори дали мирно ќе се повлече по изборниот пораз е доказ дека Македонија не е приоритет на единствениот аболициран политичар во Европа. Прв приоритет на Заев е личното богатење, а не демократските вредности во европска Македонија.
Ова денеска го соопшти ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека колку побргу Заев се повлече од политиката, толку е подобро за Македонија.
-Сите ја гледаат паниката која владее на Бихаќка. На Зоран Заев му е јасно дека досега е три пати аболициран, а тоа е последен пат некој да го спаси од одговорност за криминал. Знае дека после 12-ти април конечно ќе треба да одговара за сторениот криминал. Најпрво ќе му пресуди народот кој ќе му ја одземе власта, а потоа ќе му пресуди и ослободениот правосуден систем во Република Македонија. Свесни сме и за стравот на неговите соработници кои што заедно со него беа дел од злосторничкото здружување, дел од криминално рекетарската банда која ја нарекуваа Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тврдат дека повеќе од јасен е и неговиот страв од дебата, откако на претходната целата македонска јавност, како што велат, ја увиде неговата неспособност и некомпетентност да раководи со месна заедница, а не па држава.
-12-тиаприл е се поблиску, укажувачите се погласни и побројни, а стравот се поголем. Нема ден, а јавноста да не дознае за некој нов криминал на Заев и неговата криминална банда. На аболицираниот Заев нема да му помогне ниту политичкиот прогон, ниту затворањето на новинари. Не помагаат ниту притисоците, уцените и заканите. никој повеќе не се плаши од човекот со свиткана кичма. Русковска и Јовевски нема да бидат тука вечно да го штитат аболицираниот Заев и неговата банда криминалци. нивните криминали се отворени како пупка во македонската јавност. Гласот за Заев е глас за криминалот. Да не дозволиме поддршка за криминалот. Да не дозволиме да украдат уште 4 години од нашите животи. Обновата доаѓа. Заев никогаш повеќе, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа