Костадинов: Извршителот Мицкоски е против ЕУ и против напредокот, ВМРО-ДПМНЕ е за изолација, СДСМ е за интеграција
Само извршителот Христијан Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ се против интеграцијата, против напредокот и успехот на државата, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Според него, до толку Мицкоски е против сопствената држава што и најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласи за лажни вести.
-Од толку ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски веќе не знаат што е вистина, ти се заглавени во матрицата на лажни вести. Се потврдува секој ден, извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се за изолација и враќање назад, СДСМ е за интеграција и напредок. Тие еден чекор назад, ние три напред. Извршителот Христијан Мицкоски е поразен од европските успеси на државата, од успехот на политиките на СДСМ и Зоран Заев, вели Костадинов.
Според него, благодарение токму на тие политики, денес сме чекор поблиску до одлука за почеток на преговори со Унијата.
-Докажавме дека со СДСМ и Зоран Заев, НАТО и Европската унија се реалност. На овие избори ќе се судрат два целосно спротивни концепти. Од една страна концептот на извршителот Мицкоски за враќање назад, односно концептот на минатото и овој на СДСМ за продолжување напред, односно концептот за иднината. СДСМ нема да отстапи од градењето европска иднина за државата. Имаме визија, храброст и одлучност да продолжиме по правиот пат и тоа ќе го сториме. Продолжуваме уште посилни и похрабри по победата на 12 април. Заедно со граѓаните одиме напред, одиме кон ЕУ, рече Костадинов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа