Арсовски: Дали Заев ќе си даде оставка кога ќе изгуби на 12 април?

 

Република Македонија, граѓаните и СДСМ се заложници на очајниот истрошен политичар Зоран Заев, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Според него, длабоко во себе Зоран Заев е исплашен и свесен дека рејтингот му е во минус, во слободен пад, а, како што вели, избегнува лидерски соочувања со претседателот и иден премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски.

-Зоран Заев има обврска да одговори на едно и единствено прашање и сеуште чекаме одговор и ние и целата јавност, а тоа е, дали сега, кога ќе ги изгуби на изборите на 12-ти април, веднаш, вечерта на прес конференција јавно ќе си даде оставка и ќе си замине засекогаш од политиката? Дали Зоран Заев кога ќе изгуби на 12-ти април вечерта ќе се тргне од политичката сцена и ќе се соочи со институциите за се што има сомнеж дека направил криминално односно дали после тоа веднаш ќе даде оставка за да продолжи да одговара низ институциите. Ајде да видиме колку е сигурен Зоран Заев во својата победа, каде што веќе и неговите најблиски и самите кажуваат и брифираат дека заминуваат во опозиција и веќе му ја кројат капата народски кажано на Зоран Заев внатре во партијата, па така нека каже дали кога ќе изгуби на изборите на 12-ти април ќе си даде оставка и ќе се повлече?, вели Арсовски.

Според него, Заев се плаши и од судот на народот, се плаши и од судот на неговото изневерено членство кое што го изневери, но се плаши  од судот кој нема да биде под неговите канџи после 12-ти април и ќе работи согласно Уставот и Законите.

-Заев е исплашен затоа што нема повеќе кој да го амнестира и ќе мора да сноси одговорност. Овие избори граѓаните ќе бираат наспроти лагите на Заев и СДСМ, криминалот на Заев и СДСМ, корупцијата на Заев и СДСМ, рекетот на Заев и СДСМ, катастрофалното здравство, образование, правосудство и се останато, наспроти честа и достоинството на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, визијата и програма за Обнова на Македонија, капацитетот и знаењето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, принципите и чесната понуда и програма на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев изминативе години е историска катастрофа за Република Македонија, а после 12-ти април ќе биде само една историска фигура на ѕидот на политичкиот срам кој ќе одговара за сите свои постапки направени изминативе години, рече Арсовски.

07.03.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега