Мицкоски: Како со сѐ во државата, власта и Заев ги опустошија и езерата за личен профит (ВИДЕО)

 

Како со сѐ во државата, власта и Заев ги опустошија и езерата за личен профит, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според него, Тиквешко езеро е намалено за 70%, Езеро Калиманци 75%, Езеро Турија за 65%, Прилепско езеро за 85%, Стрежевско езеро за 72,5%, Преспанското езеро загубило вода во количина колку две Дојрански езера, а очајна е состојбата и со Мавровското и Дебарското езеро.

-Негрижата ги уништува македонските езера. На удар се граѓаните и престои проблем со вода за пиење, на удар ќе бидат и земјоделците и своите посеви, а со тоа и економијата. Зоран Заев се што фати исуши. Негрижата поради неспособност и жед за пари мора да престане и да се казни. Неопходна е обнова која ќе донесе способност, работа, план и резултати. Обновата победува!, пишува Мицкоски на Фејсбук.

07.03.2020 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега