ВМРО-ДПМНЕ: Македонија додека тоне на секое поле, Заев ги лаже граѓаните дека блескаме

 

 

Нашата држава додека тоне на секое поле, Заев не убедува дека блескаме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се вели дека граѓаните на Република Македонија живеат во секојдневие исполнето со порази и измами, сервирани од Зоран Заев.

-На лагата и се кратки нозете, се поголем број на граѓани отворено го изразуваат незадоволството од погубните политики на власта, неостварените ветувања, неработењето и неспособноста на Зоран Заев и неговата криминална банда. Животот дојде за малкумината околу Заев, додека 500 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму тврдат дека Зоран Заев веќе не може да ги лаже и манипулира граѓаните на Република Македонија, а тие ќе го испратат Заев во политичка пензија на 12-ти април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2020 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега