ВМРО-ДПМНЕ: Ќе обезбедиме најмалку еден универзитет да се рангира меѓу првите 1.000 на Шангајската листа
ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди најмалку еден универзитет да се рангира меѓу првите 1.000 на Шангајската листа, велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, три години откако е СДСМ на власт, Македонија стагнира во секое поле.
-За три години СДСМ не вложи денар ниту во образованието и културата. Во Македонија културата стана предмет на политичка трговија, програми и пари кои се делат, не по квалитет туку по бизнис и политички мотиви. Образованието веќе три години не е во фокусот на оваа криминална влада. По 12-ти април потребно е воспоставување на концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во образованието и културата. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе овозможи најмалку еден Универзитет да биде во првите 1.000 според Шангајската листа за квалитет. Денес нема Универзитет од Македонија кој е меѓу 1.000 најдобри во светот. Македонија не постои на мапата за квалитет во високото образование. ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го овозможи со најмалку еден универзитет кој според својот квалитет ќе се рангира на Шангајската листа. Македонија да стане извозник на наука, извозник на знаење. По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада ќе донесе обнова на државата врз основа на реални мерки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа