Николовски: Ќе победи концептот „едно општество за сите“
Коалицијата на СДСМ со БЕСА ќе победи на парламентарните избори, со што ќе победи концептот „едно општество за сите“, рече генералниот секретар на социјалдемократите Љупчо Николовски на заедничка прес конфереција со генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа
-Победничката коалиција на СДСМ и БЕСА претендира да освои најмногу мандати во шестата изборна единица, која е главно мерило за легитимитетот пренесен од Албанците. Коалицијата ќе одбележи убедлива победа на 12 април, а обновата на режимот, криминалот и изолацијата ќе бидат поразени – порача Николовски.
Тој додаде дека храброста и визијата што ја демонстрираа со предизборната коалиција со БЕСА ќе биде наградена од гласачите на изборите.
-Заедно сме посветени на рамноправен развој на сите делови во државата. Борбата против корупцијата и криминалот и обезбедување на клучни реформи ќе продолжи. Интеграцијата во ЕУ останува единствена опција, нема друга алтернатива – рече Николовски.
Тој посочи дека конечните листи официјално ќе бидат познати на 9 март, кога треба да се оддржи партискиот конгрес.
-Досега евалуирани се над 750 кандидати кои поднеле кандидатура за пратеници на СДСМ, без оглед дали се од редовите на партијата или се интелектулци од надвор. Целата постапка ќе заврши вечерта на 9 март на Конгресот на СДСМ. Дотогаш, ќе ги анализираме сите документи и ќе ги евалуираме со бодови. Пратеничките листи ќе бидат слика на целокупното општество. Паралелно, ги завршуваме разговорите со коалициските партнери. Ова ќе биде најголемата коалиција досега – рече сдсмовскиот генерален секретар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа