Демант на директорот на ТОАРИЛУЦ: Изнесените обвинувања од ВМРО- ДПМНЕ се смешни и неосновани

 

Принуден сум да реагирам и да ги демантирам тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ г. Наум Стоилковски, претставени на прес-конференција на 03.03.2020 година, во која се манипулираат факти и аргументи кои се јавни, пишува во демант Д-р Илир Хасан, директор на Клиниката ТOАРИЛУЦ.

Во демантот се вели дека изнесените обвинувања се смешни и неосновани, но заради почитувањето на јавноста вели тој, сакам накратко да ја изложам тенденцијата за манипулација.

„Јас, Илир Хасани, со најголема морална и правна одговорност, изјавувам:

  • Имотот што беше спомнат на конкретната прес-конференција, наводно купена од мене сега, е купен во 2015 година, во време кога не сум бил директор.
  • Имотот е купен од приватен и законски сопственик.
  • Овој имот, како и сè друго што го поседувам, во моментот на назначувањето за директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ, се наведени во анкетните списоци на Антикорупциска Комисија.
  • Јас не сум и никогаш не сум бил советник на министерот за здравство Венко Филипче, а бев назначен за координатор на министерот за здравство, за трауматологија и ортопедија како кадар на ДУИ, во времето кога министер беше Арбен Таравари
  • За мојата работа како директор на Клиниката ТOАРИЛУЦ, особено за јавните набавки, сум се стремел да бидам што е можно по транспарентен. Сите годишни извештаи се презентирани пред медиумите и јавноста, за секоја година, и истите продолжуваат да бидат објавени
  • Сите горенаведени точки можам да ги оправдам јавно со редовна документација.

Замолувам, да не се искривуваат фактите за потребите на дневната политика. Како прво, јас сум граѓанин што го почитува законот и како професионалец во мојата работа ги повикувам надлежните органи да ги испитаат сите мои постапки. Со најголема морална и правна одговорност изјавувам дека во ниту еден момент не сум го прекршил законот и сум во состојба да сведочам и да одговорам за се. Моето богатство е плод на мојата работа и на моето семејство, постигнато чесно и неуморно, а нај големо богатство ми се професијата, честа и мојот углед и на моето семејство!“ стои во демантот на Д-р Илир Хасан, директор на Клиниката ТOАРИЛУЦ по прес конференцијата на Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега