Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје. Како што велат од МВР, возило „фиат панда“ со скопски регистарски таблици управувано од А.Ј. (36) на булеварот „Србија“ удрил во велосипедистот Б.С (70).

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.С. и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.

Несреќата се случила вчера предпладне.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега