ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека СДСМ ја зголемиле социјалната помош за 300%
Изминативе три години СДСМ и Заев целосно ги заборавија граѓаните и најважно им беше тие да се збогат колку е можно повеќе, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
-Поради нивните лоши политики над 500 000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, а скоро 70% од граѓаните не ја гледаат својата иднина во државата.Лага е дека СДСМ ја зголемиле социјалната помош за 300%, кога вистинска слика е дека не станува збор за никакво зголемување, туку тоа е збир на сите права од социјалната заштита, се вели во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, без никаков срам СДСМ се фалат дека придонеле во детската заштита, но реалноста е дека владата на СДСМ го укина додатокот за трето дете и не го реализираа ветувањето за изградба на детски градинки.
-Без никаков срам најавуваа изградба на социјални станови, а не само што не успеаја да изградат ни половина од она што го ветија, не беа способни да ги завршат и оние кои беа започнати од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Но, крајот на овие катастрофално политики доаѓа.Доаѓаат подобри времиња. По 12 април доаѓа обновата на Македонија. Обнова која ќе ја предводи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа