ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствена држава со осуден новинар во Европа, Заев во страв пали билборди
ВМРО-ДПМНЕ објави „факти кои го одбележаа денот“. Според партијата, поранешниот премиер Зоран Заев вовел вистински режим.
1. Заев воведе вистински режим. Македонија е единствена држава во Европа со осуден новинар за пишан збор.
2. Мицкоски најави 100.000 денари плата за професорите, над 36.000 денари плати за наставниот кадар во основните и средните училишта, повеќе пари за образованието и културата во целост.
3. СДСМ во страв од пораз пали билборди и покажува нервоза. Одговорност ќе има.
4. Заев не се грижел за безбедноста и здравјето на граѓаните. Скоро половина година граѓаните јаделе непроверена храна.
5. Хидроакумулациите празни. Ни се заканува катаклизма во земјоделието и прекини во водоснабдувањето во текот на 2020 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа