САД им продаваат оружје на Саудиска Арабија и ОАЕ
САД планираат да им продаде оружје на своите сојузнички земји во Персискиот Залив-Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, за 10,8 милијарди долари.
Оружјето главно го сочинуваат софистицирани ракети и разна муниција, меѓу кои се и најновиот модел на бомбите за уништување на бункери.
Оваа одлука на Пентагон за натамошно воено засилување на двете заливски земји, доаѓа откако САД и другите четири земји членки на Советот за безбедност, плус Германија, ги обновија преговорите со Иран за неговата контроверзна нуклеарна програма, во многу порелаксирана атмосфера од досега.
Во рамките на оваа зделка, ОАЕ ќе добијат пет илјади анти-бункер бомби, додека саудиските воени сили илјада парчиња од ова високо софистицирано оружје, оспособено за прецизно наведување.
Бомбите се изработени за да бидат прилагодени за американските борбени авиони Ф-15 и Ф-16 што двете земји веќе ги имаат.