„Гладијаторски борби“ меѓу малолетници во Карпош: Се наплаќало 20 денари за гледање, 300 денари за снимање

Две момчиња се тепаат,додека стотина други навиваат, а тепачката се случила минатата недела во скопски Капиштец, објави Само прашај

Борбите меѓу малолетници кои се одржувале на спортското игралиште во скопската населба Капиштец не биле бесплатни. Како што објави „Само прашај“, за гледање на борбите се наплаќало по 20 денари, а за снимање – 300 денари.

Министерот за образование, Арбр Адеми, вели дека не знае за организираните борби. Министерството за внатрешни работи (МВР) не се произнесе со нови детали, но порталот пренесува дека родителите на учениците во општина Центар велат дека полицијата ги известила училиштата за овие настани.

Видео од организираните борби може да погледнете ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2020 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега