Владата и ДИК разговараа за организација на изборите

На овој состанокот на премиерот и претставниците на Владата со претставниците на ДИК, беше изразена е силна заедничка определба за организирање и спроведување фер и демократски избори.

– Покажавме како држава во претходните изборни циклуси дека можеме да организираме и спроведеме фер избори. Да го продолжиме тој позитивен тренд и на овие вонредни парламентарни избори, во името на демократската и интеграциската иднина на нашата земја, рече премиерот Спасовски.

На состанокот, како што се вели во соопштението на Владата, е разговарано за активностите што се преземаат во делот на соодветното евидентирање лица со право на глас, како и за материјално-техничките, просторни и кадровски потреби посочени од ДИК, со цел непречена реализација на изборите.

Во таа насока донесени се неколку заклучоци: прво, ДИК да достави до Владата спецификација за потребните материјално-технички услови за изборите, второ ДИК да достави известување за потребните обуки на членовите на Изборните комисии и Избирачките одбори, со цел нивно соодветно организирање и е договорена заедничка средба на премиерот Спасовски, на владини претставници и на претставници од ДИК со претставници на ЗЕЛС, со цел овозможување на потребните просторни и други услови, за граѓаните да можат да го остварат своето уставно право на глас.

Ова е прва средба на тема избори, организирана на иницијатива на премиерот Оливер Спасовски со надлежни чинители за реализацијата на претстојниот изборен процес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега