Државиот инспекторат влезе во „Еко клуб“ - вонредна контрола по објавата за несоодветно третирање на медицински отпад

Државниот инспекторат за животна средина вечерва прави вонредна контрола во погонот на фирмата „Еко клуб“ во кругот на МЗТ.

Министертвото издало налог веднаш да се направи увид откако денеска скопскиот градоначалник на прес-конференција презентираше видеоснимки и фотографии од несоодветно третирање на медицински отпад.

-Извршен е увид во издадените дозволи за вршење третман на медицински отпад и воспоставeн e контакт со Државниот инспекторат за животна средина  за дополнителни информации во однос на спроведените надзори. Од ДИЖС известија дека последниот надзор на терен над правното лице бил извршен на 12 декември 2019 година, каде со Записник било констатирано дека компанијата работи согласно законските прописи и издадените дозволи. По денешното сознание, на барање на Министерството во моментов се прави вонреден увид на локацијата, а за наодите од истиот јавноста ќе биде благовремено информирана, соопшти Министерството за животна средина.

Шилегов денеска соопшти дека медицинскиот отпад без да биде термички обработен и стерелизиран бил депониран во „Дрисла“.

На видеата кои беа објавени од градските власти, се гледаат кучиња скитници како јадат човечки органи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2020 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега