Снежна покривка и температури до -11 степени: УХМР најавува промена на времето

Студени утра со температура и до 11 степени под нулата и снежна покривка ја очекуваат земјава во наредните денови.

Времето од утре ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см. Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и наместа ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси. Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.

Температурата утре ќе се спушти до минус три, во четврток до минус седум, петок до минус 11, сабота до минус девет и понеделник до минус осум.

Дневната температура утре ќе се искачи до осум степени, во четврток до шест, петок до осум, сабота 10, недела 11 и понеделник до 13 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2020 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега