Предлог-одлуките за испраќање припадници на АРМ за учество во мировната операција на дневен ред во Собрание

Собранието денеска ќе ја одржи 131. седница, на чиј дневен ред се поголем број измени и дополнувања на закони од повеќе области.

Како што е најавено, пратениците ќе расправаат за Предлогот за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за Предлог-одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

На дневен ред се и Предлог-одлуките за испраќање припадници на Армијата за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, за учество во мировната операција „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, за учество во мировната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ” во Република Либан.

На агендата на 131. седница се и Предлог-законот за ратификација на Минамата Конвенција за жива,
Предлог-законот за ратификација на Амандманот кон Монтреалскиот протокол за сустанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, Предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите, по скратена постапка…

Пратениците ќе дискутираат и за измените и дополнувањата на Законот за преземање на акционерските друштва, во второ читање, за Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, по скратена постапка…

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2020 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега