Средба Пендаровски-Анастасијадис: Македонија е целосно подготвена за заеднички развој на пријателски односи со Кипар

За темите поврзани со регионалните случувања станало збор на средбата во Ерусалим на претседателите на Северна Македонија и Кипар, Стево Пендаровски и Никос Анастасијадис, според соопштението од кабинетот на кипарскиот претседател, јави дописничката на МИА од Атина.

Пендаровски и Анастасијадис се сретнаа на маргините на Форумот во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот.

-На средбата се разговараше за прашања поврзани со регионалните случувања, а претседателот Анастасијадис го информираше претседателот Пендаровски за развојот на настаните во кипарското прашање и за турските нелегални активности во кипарската Ексклузивна економска зона, соопштуваат од кабинетот на кипарскиот претседател.

Како што веќе објави МИА, од кабинетот на претседателот на Северна Македонија соопштија дека на средбата Пендаровски изразил задоволство од воспоставените дипломатски односи и истакнал дека нашата држава е целосно подготвена за заеднички развој на пријателски односи со Кипар во областите од заеднички интерес, особено во културата, трговијата и туризмот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега