СДСМ прифаќа Наќе Чулев да биде технички министер во МВР

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев да биде технички министер во министерството за внатершни работи е прифатлив за СДСМ. Според партијата, Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми.

-Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, соопшти СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2020 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега