Владата го отфрли барањето на ДКСК – нема да поведе постапка против Анѓушев

По информацијата за поднесената иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција за поведување постапка за утврдување одговорност на вицепремиерот  задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, на денешната владина седница е утврден одговорот на владата кој ќе биде испратен до ДКСК.

Во текстот на одговорот се наведува дека точката Предлог-одлука за укинување на царинската стапка за електрични јон-литиумски акумулатори била повлечена од 29.  седница на Владата на 26 септември и повторно била вратена на усвојување на 36. седница на 7 ноември, откако во меѓувреме Анѓушев со писмен поднесок ја информирал владата дека се иззема од учеството за донесување на предлог-одлуката.

Во образложението за оваа точка утврдено на оваа седница се истакнува дека членовите на владата немаат неограничени овластувања и моќ и дека нивните поединечни овластувања се контролирани од владата како колективен орган, согласно Уставот и Законот за Влада. Ставот на владата е дека во овој случај не е утврдена повреда на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поради што нема правен основ за поведување одговорност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа