Зендели: Обраќањето на Пендаровски беше избалансиран настап во кое ги опфати сите отворeни прашања

Избалансиран настап во кое ги опфати сите отворeни прашања кои ги имаме, особено во делот на правната држава. Вака го оцени обраќањето на претседателот Стево Пендаровски пред пратениците, Фадил Зендели од Беса.

Треба да се поздрави, посочи Зендели, обраќањето во насока дека 30 години сме држава со афери, а нема ниту еден висок функционер зад решетки.

– Секако треба да се поздрави настапот на претседателот на државата, но и да се има предвид дека тој е краток период на функција. Секако во следниот период би требало да видиме и многу други иницијативи, кои според мојот впечаток, би требало да бидат во насока на тоа што тој треба да претставува – претседател на сите граѓани без разлика на етничката, национална и друга припадност, рече Зендели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега