И Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

 


По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.

„Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ“, информира Костадинов на социјалните мрежи.

Ккао што вели, најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија.

„Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја.
Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас.
#СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој“, напиша Костадинов.

09.05.2024 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега