Демократски сојуз: Двојната победа огромен предизвик

 


Демократски сојуз, претседателските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски.
 Пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции.

„Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава.

Дамка на целиот изборен процес со обиди за нарушување на истиот, посебно во текот на вчерашниот ден, водството на ДУИ кое одлучи да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност, доколку успеше со бојкотот.

Пораката е јасна, граѓаните без разлика на политичка, етничка или верска припадност, гласаа за промени, за стабилна Македонија. Граѓаните ги испратија ДУИ и СДСМ во опозиција, со што се отвори патот за политичка, но и друг вид на одговорност.

Победата е голема, а одговорноста е огромна“, стои во соопштението на Демократскиот сојуз.

09.05.2024 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега