Стевананџија за субвенциите за инвертер клими: Понижувачки обид за предизборен поткуп

Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница на која се расправаше за Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, рече дека ова е уште еден од низата непопуларни и противуставни закони кои не се во интерес на граѓаните.

Посочи дека се изделуваат само четири општини кои, како што рече, би имале привилегии и предложи да се повлече ова законско решение.

– Ова е уште еден понижувачки обид за предизборен поткуп затоа што никој ги нема регулирано или пак ние не ги знаеме критериумите како ќе се делат инвертерите, рече Стевананџија, додавајќи дека се остава простор за сомнеж. Според него, досега неколку пати жителите на Прилеп биле дискриминари, а ова е врвот на дискриминацијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2019 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега