Шекеринска: Шилегов нема да го видите скриен во канцеларија и да чека некој од горе да донесе одлука за овој град

Министерката Радмила Шекеринска се обрати на граѓанската трибина „На прав пат“ во салата Борис Трајковски.

 

-Нашата земја е 30-членка на најмоќната алијасна во Светот. Дадовме збор и донесовме резултат. Имавме причини да бидеме горди, после години чмаење пред вратите, тој ден бевме свои на заслуженото место во најмоќниот сојуз. Можевме да го избереме полесниот пат и да бидеме песимисти, но ние решивме да бидеме амбициозни, да се бориме и да сработиме. Нашите зеднички денови по улиците, малтретирањето, пропагандите, дури и крвта на 27 април, сето тоа на тој ден избледна. Вредеше сето тоа да се издржи и да се преживее, за да можеме да кажеме дека напишавме историја. Имаме право да бидеме горди.

Таа говореше и за Скопје, дека повеќе не е заробен град.

-Не е веќе Скопје град на стравот и експеремиент на мала група луѓе. Скопје е град на слободни луѓе. Сакаме нашето Скопје да биде зелено, но за тоа треба се уште да се потрудиме. Нашето Скопје е највеќе шарено. И тоа го сакаме, шаренилото не им пречи на големите. Тука има место за сите, рече Шекеринска.

Таа дел од говорот му посвети на градоначалникот Петре Шилегов.

-Шилегов нема да го видите скриен во канцеларија и да чека некој од горе да донесе одлука за овој град. Тоа не е ароганција, тоа е одлучност и храброст. Тоа го прослави во опозиционерските денови, се спротистави на груевци и мијалковци, а и денес е одлучен и храбар. Ароганција е да купиш двокатни автобуси зошто тебе ти се допаѓале или да го узурпираш центарот на Скопје. Затоа само ние можеме да ја добиеме битката, ние кои се соочуваме со проблемите. Таа битка нема да ја добијат оние кои главниот град го претворија во Див Запад, рече Шекеринска.

Министерката се осврна и на однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО мисли по тактот на Груевски, не се менува. Повикува на скромност, кога над глава им се кристалните лустери, а газат на дебели персиски килими, рече Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега