Сопругата на Камчев ќе сведочи за парите во кутија за кондури

Со сведочење на Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, на 10 декември треба да продолжи рочиштето за предметот „Рекет“ во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

Таа треба да сведочи за кутија за кондури во која му ги дала првите 350.000 евра на Боки, а на Кичевскиот во ќесе од продавница уште 150.000 евра.

Вчера сведочеше Јордан Камчев кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство, кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари. Боки преку разни проекти се обидувал да изнуди пари, но на тоа Камчев реагирал со тоа што го известил премиерот Зоран Заев кој му посочил дека треба да го пријави случајот во Обвинителството кај Вилма Русковска. Камчев во консултација со пријатели од Бугарија го навел Боки 13 во домот на сведокот да му даде еден милион евра спакувани во чанта Луј Витон и сето тоа да го сними на камери. Тоа го сторил и ги предал снимките во обвинителството.

Јовановски и Милевски беа уапсени на 15 јули годинава, првиот на граничниот премин Богородица, вториот во Скопје. 

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2019 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега