Костадинов: Нема да дозволиме делата на режимот на Груевски да не се казнат

Денеска пратеничката група на СДСМ поднесе Барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување. Со овој чекор сакаме да ги спречиме најавите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов, против која застанаа сите слободоумни граѓани, зад која застанавме и ние. Ова денеска го вели Костадинов од СДСМ.

- Неказнивост на делата што ги направи режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ не смее да има и нема да има, ние тоа нема да го дозволиме. Граѓаните бараат правда и правда мора да има. Секојдневно сме сведоци на обиди за избегнување на правдата. Од постојано одложување на судења па се до иницирање на постапки пред Уставниот суд. Последен од тие обиди е отворањето на вчерашната постапка за оценка на членот 11 од Законот за помилување. Одредени структури во правосудството упорно бараат начини да ја заобиколат правдата оние кои повеќе од една деценија ја злоупотребуваа службената положба и крадеа од граѓаните. Тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме нова незаконска аболиција од очигледни инсталации на режимот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, вели тој.

Нова неуставна амнестија нема и не смее да има. Секој мора да одговара за делата и за злоупотребите што ги направил.

- За предметите за кои се води постапка пред СЈО а сега се преземени од ЈО мора да има правна завршница.
 Ги повикувам сите пратеници да застанат на страната на правдата и да го поддржат Барањето за автентичното толкување. Тоа е одговорност на секој избран пратеник. Заедно да го спречиме активирањето на незаконските помилувања дадени од поранешниот претседател Ѓорге Иванов и сите до еден, на дело да покажеме дека сме за правда, додава Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега