ФОТО: 18 годишен Босанец со велосипед тргнува во САД за да ја види девојката

Младиот Ајдин Хоџиќ (18) од Сараево поради својата девојка Селма тргнува на пат во американската држава Ајдахо со велосипед. Проценува дека ќе му требаат околу четири месеци, а преку Атланткиот океан ќе патува со брод, пренесуваат босански медиуми.

-Селма ја запознав случајно, додека се враќавме од училиште. По неколку излегувања ја започнавме нашата врска. Меѓутоа, набрзо од пријателите дознав дека Селма ќе оди во Америка и веднаш раскинавме. Но, неколку месеци подоцна повторно продолживме и еве нашата врска трае од 18-ти декември 2011 година, изјавил Ајдин и додал дека рутата низ Европа ја проучил сам и му преостанува уште Америка.

Меѓу Сараево и Ајдахо има над 14000 клометри воздушна линија, но кога е љубов во прашање, за Ајдин нема препреки.

-Последен пат се видовме минатата година. ога и го кажав својот план и начинот на кој сакам да стигнам дотаму беше помалку збунета, како и сите останати кога слушнаа. Но, таа знае дека би направил се за неа, вели Ајдин кој во моментов бара спонзори за своето патешествие