Демократски сојуз: Балканска коалиција против тероризмот и организираниот криминал

Во пресрет на утрешната расправа за безбедноста и тероризмот, што се одржува во Скопје помеѓу ЕУ и Балканските држави, Демократскиот сојуз ја иницира потребата од формирање на Балканска коалиција за борба против тероризмот и организираниот криминалвелат во соопштение од партијата Демократски сојуз.

Во соопштението се наведува дека оваа коалиција треба да бидат вклучени сите Балкански држави: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.

„Воедно предлагаме да се формира и Балкански центар за борба против тероризмот и организираниот криминал со седиште во Скопје, каде ќе се слеваат и обработуваат сите информации и ќе се дејствува превентивно.

Тероризмот е сериозна безбедносна закана за Балканските држави, затоа е неопходно државите поблиску да соработуваат, додека организираниот криминал разорно дејствува на демократскиот и економскиот развој.

Криминалот ги кочи и евроинтеграциските процеси на државите аспиранти за влез во ЕУ од таканаречениот Западен Балкан“ се вели во партиското соопштение на Демократски сојуз.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега