Пендаровски на средба со Ан Линде

Претседателот Стево Пендаровски денеска во 15:15 часот ќе ја прими министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде.

 

Министерката за надворешни работи на Кралство Шведска, Ан Линде денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на нејзиниот македонски колега, шефот на дипломатијата Никола Димитров, а ќе се сретне и со Радмила Шекеринска.

На средбите се очекува да бидат разменети мислења за домашните случувања, реформската агенда и следните чекори поврзани со европската перспектива на Македонија по октомврискиот Европски совет, потоа за регионалната динамика и други актуелни меѓународни прашања, како и за севкупните билатерални односи и соработка меѓу Македонија и Шведска, наведуваат од МНР. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега