Маскотата на Металург ќе се вика Металко

Откако изминатите три дена македонската јавност гласаше за еден од трите избрани предлози за име, маскотата на ракометниот клуб Металург го доби името „Металко“.

Најмногу гласови, вкупно 108 доби предлогот Металко, па од денеска и официјално тоа ќе биде името на маскотата на Металург.

Покрај оваа опција, за името Метко гласале 37 навивачи, а 22 го дале својот глас за името Макси.

 

Слончето Металко веќе во недела ќе има можност да ја забавува публиката на натпреварот од 4-тото коло во Лигата на шампионите меѓу Металург и Динамо Минск.

14.10.2013 - 15:28