Грција ја промовираше трговската марка „Macedonia the great“

Нема реакција од македонската влада откако вчера грчкиот премиер го промовираше брендот „Macedonia the great“. На солунскиот самит синоќа Мицотакис рече дека грчките производители се соочувале со нелојална конкуренција затоа што на земјава извезувала под името Македонија, јавува Сител.

И прмеиерот Заев и вицепрмеиерот Анѓушев синоќа рекоа дека за трговските марки ќе се преговара и дека ќе се најде заедничко решение од кое никој нема да би оштетен. За слоганот „Macedonia the great“, премиерот Заев вчера вечер не знаеше дека неговиот грчки колега веќе го промовирал новиот бренд.

- „Во врска со слоганот „Macedonia the great“, не сум овластен јас, ниту кој било друг член од грчка или македонска страна, ниту пак некој од претставник од меѓународните организации да даваме коментари во име на Меѓународната група на експерти. Доколку биде пријавен како тргоска марка, за тоа ќе се изјасни соодветниот завод пред кого ќе се бара признавање“.

Согласно преспанскиот договор, прашањето за трговските марки треба да биде затворено до летото 2022 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега