Заев: Имаме причини да сме горди

Со потпретседателката Шекеринска, генералниот секретар Николовски и меѓународниот секретар Талески учествуваме на Конвенцијата на Прогресивна алијанса, заедно со учесници од над 140 партии и организации од целиот свет. Ова го напиша премиерот Заев на Фејсбук.

- Согласни сме сите дека ги имаме сите причини да сме горди, не само поради постигнатиот прогрес во делот на социјалната правда, во шансите за работа за сите, постигнувањата во борбата со нееднаквоста, во економијата и безбeдноста, туку пред сѐ поради прогрeсивните решенија што ги нудиме за изградба општества за сите, наспроти предизвиците на национализмот и популизмот, напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега