Заев: 3.000 денари месечно за сите млади во производна дејност

Воведуваме Младински додаток, 3.000 денари месечно, за сите млади во производна дејност! Ова денеска на Фејсбук го напиша премиерот Заев.

- 3.000 денари исплата на лична сметка на сите млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со социјално осигурување во производствена дејност, потоа на младите лица ангажирани кај работодавач од производствена дејност преку приватна агенција за вработување, како и на млади земјоделци со социјално осигурување. Поттикнуваме вработување на младите лица во производство по завршување на средното образование. Оваа мерка ги задоволува и потребите на работодавачите за квалификувана работна сила. Создаваме силна економија во која постои шанса за сите млади луѓе, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега