Балковски: ВМРО НП останува со Заев
Остануваме во СДСМ. Генералниот секретар на ВМРО-НП, Љупчо Балковски за Плусинфо ги демантира информациите кои вчера ги објави Press24, дека Заев најавил крај на соработката со десничарските партии.
Созујот за иднината добро фунционира, како пред изборите така и сега. Не се размислува воопшто на оваа тема – вели Балковски за Плсинфо.
Press24 вчера објави дека Заев уште при превземањето на функцијата најавил крај на соработката со сите партии од десницата, меѓу кои и ВМРО-НП. Според нашите извори, договорот бил партиите една по еднада излегуваат од коалицијата, за да не се остави впечаток во јавноста дека партнерите го напуштаат Заев или пак дека лидерот на СДСМ ги брка од коалицијата.
Во случајот со ВМРО-НП, Заев има дополнителен проблем, бидејќи со евентуална осудителна пресуда за Шиповиќ, во општина Центар треба да дојде советник од партијата на Љубчо Георигеивски, од чие позиционирање ќе зависи, која од партиите ќе ја има власта во оваа единица на локална самоуправа