Стојанче Ангелов ќе се трка за претседател

 

Лидерот на партијата Достоинство, Стојаче Ангелов, размислува да се кандидира на претседателските избори во март наредната година, пренесе Плусинфо.

- Сериозно размислувам да влезам во претседателската трка, но конечна одлука за мојата кандидатура сè уште не е донесена. Правиме анкети и за десетина дена ќе донесеме конечна одлука, вели Ангелов за порталот.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, Достоинство за замина од опозициската коалиција Сојуз за идинината. Ангелов посочи дека причина за ваквата одлука се концепциски разлики со лидерот на СДСМ и други политички членови.Исто така Ангелов посочи и дека Достоинство и понатаму ќе се залага за истите цели како и досега.

 

14.10.2013 - 11:39
Фото: 
Плусинфо

најчитано сега