Верижен судир на патот Радовиш-Штип: Едно лице тешко повредено

Едно лице се здобило со повреди во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила.

Несреќата, информираат од МВР, се случила кај населбата Дамјан на патот Радовиш-Штип, во 13:30 часот.

-Во истата учествувале „форд фиеста“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(69), од с.Ињево,  „опел астра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(60), од Струмица, и „опел вектра“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од К.П.(32) од с.Војславци, велат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Р. и бил пренесен во Клинички центар Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2019 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега