"Сите ќе ве убијам!" - велешанец се заканувал со секира на насилници кои му го нападнале синот

Синоќа околу 21 часот во Велес се одвивала вистинска драма кога во куќата на 40-годишниот З.А. од Велес дошол неговиот сограѓанин Ѓ.Е. кој почнал да вика и да се заканува дека сите ќе ги убие, притоа држејќи секира во рацете. Насилникот неколку пати удрил со секирата во бетонот од терасата, а со тупаница удрил и во пластичната маса која се наоѓала на терасата и ја искршил.

За кратко време, на местото на настанот дошла мајката на велешанецот која го убедила да си заминат дома без да има поголеми инциденти. Причина за ваквото насилничко однесување на Ѓ.Е. било тоа што синот на З.А. со уште две лица го нападнале неговиот син.

 

 

13.10.2013 - 11:42
Фото: 
Евести

најчитано сега