Партиите се уште не ги откриваат кадрите за техничката влада

Зоран Заев ќе ја напушти премиерската функција на 3 јануари, а кој ќе дојде на негово место, од владејачката партија велат дека допрва ќе се одлучува.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека најважно е овие избори да бидат спроведени фер и демократски, објави Сител.

Покрај Заев, министерските функции ќе треба да ги напуштат и Оливер Спасовски и Мила Царовска. Законот предвидува министерството за внатрешни работи и труд и социјална политика 100 дена пред изборите да ги завземат кадри по предлог на најголемата опозициска партија во Собранието. Опозициската партија ќе ги превземе и заменичките позиции во финансии, земјоделие, информатичко општество. Нивниот мандат ќе трае се додека ДИк не ги објави  конечните резултати од изборите.

Македонија вакви избори за прв пат споведе во 2016та по повеќе месечните преговори во Пржино. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега