Забрчанец: На изборите на 12 април ќе го потврдиме Заев за премиер

Советник за односи со јавност на Зоран Заев, Марјан Забрчанец вели дека на 12 април 2020 ќе ги имаме првите парламентарни избори како земја членка на НАТО и дека Заев уште еднаш ќе биде избран за премиер на државата..

„Тој ден ќе направиме избор да продолжиме по патот на развојот преку кој станавме најдобриот пример за успешна држава во регионот и пошироко. Тој ден ќе избереме власт која драстично ги качува платите и социјалната помош. Тој ден ќе го потврдиме Заев за премиер, како модел на современ политичар, демократ и слободар, човек кој црпи сила од граѓаните, човек кој враќа кај граѓаните.

Тој ден ние ќе го направиме вистинскиот избор… Во спротивно, тие ќе ја однесат државата во дестабилизација“, пишува Забрчанец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега