Поместете ги стрелките од часовникот - ќе започне зимското сметање на времето

Подгответе се викендов да ги поместите стрелките од часвникот.

Меѓу 26 и 27 октомври односно утрото меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе треба да ги поместат за 1 час назад.

Во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час повеќе.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Со оглед дека ЕУ планира да го укине поместувањето од октомври 2021 година, ова е најверојатното претпоследно преминување од летен во зимски мод.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега