Заев: Се грижиме за граѓаните - Борбата со сиромаштијата продолжува

Борбата против сиромаштијата и нееднаквоста во општеството, е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Воведуваме политики со кои ги враќаме парите кај граѓаните. Политики со кои им помагаме на оние на кои помошта им е најпотребна и на оние кои со години беа заборавени на маргините на општеството. Ова го напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

- Резултатот од реформите е многу значаен - 30.000 домаќинства или околу 120.000 граѓани веќе три месеци земаат социјална помош повисока во просек за 300%. Воведуваме и дополнително покачување на минималната плата, на историски 14.500 денари, бидејќи нашите работнички и работници го заслужуваат тоа, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега