Ременски времено суспендирана од сите позиции во СДСМ

Фросина Ременски е суспендирана на сите позиции во СДСМ, поради обвинението во продолжената истрага од случајот „Рекет“, изјави денеска премиерот, Зоран Заев.

Одлуката е времена додека не се докаже дека таа е невина.

„Ременски е член на Централниот одбор и на Извршниот одбор на СДСМ, па од тој аспект суспензијата и дава можност да не ја користи својата партиска и политичка моќ при докажувањето на својата невиност“, изјави Заев и додаде дека верува во нејзината невиност и презумцијата на невиност, но тоа треба да биде докажано низ судските процеси.

Премиерот и лидер на СДСМ рече дека за Ременски по докажувањето на невиноста, вратите во органите и телата на СДСМ ќе бидат повторно широко отворени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2019 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега