Груевски: Политичко апсење ниту имало ниту ќе има!

 

Премиерот Груевски изјави дека нема никакво политичко апсење, ниту имало, ниту ќе има политички апсења. Има дејствување на Министерството за внатрешни работи по налог на обвинителството по случаи каде обвинителството изразило сомнежни за утврден криминал, изјави денеска премиерот Никола Груевски во врска со обвинувањата од опозицијата за случајот „Претседавач“. 

- Понатаму сето тоа се процесоира преку Министерството до судовите и треба да се остават судовите, тие се тие кои треба да судат, а не да суди некој политичар, претседател на партија или пратеник или кој било друг, рече Груевски одговорајчи на новинарско прашање по отпочнувањето на градежните работи за проширување и реконструкција на улицата „Трета Македонска бригада“.

За најавата од лидерот на СДСМ Зоран Заев дека ќе го замрзнат учеството во работната група за спроведување на препораките од узвештајот за 24 декември, Груевски рече дека не е во тек со таа најава и оти би сакал прво да ја види па да даде коментар

11.10.2013 - 15:53

најчитано сега