Месецов ќе бидат вработени 300 лица со посебни потреби

Денеска претседателот на македонската Влада најави дека месецов ќе излезе конкурсот за вработување на 300 лица со посебни потреби.

- Меѓу тие лица има што не може да работат, не се работоспособни заради нивниот здравствен проблем, но има и лица коишто се работоспособни и може да им се најде работни места на кои подеднакво добро ќе ја вршат работата како што ја вршат останатите, изјави Груевски.

Според македонскиот премиер овој проект ќе помогне за лицата со посебни потреби да не се чуствуваат занемарени и отфрлени.

- Се разбира, ќе биде внимавано на етничката застапеност согласно процентот на етничките заедници во Македонија. Меѓутоа, ќе бидат утврдени критериуми  на кој начин тие ќе бидат примени како што да речеме имаше утврдено критериуми кога беа примани 1.600-те лица од различни ранливи категории. Така и за оваа категорија на лица ќе бидат утврдени посебни критериуми, соодветни на нив и на најтранспарентен начин ќе бидат избраниподвлече Груевски.

11.10.2013 - 15:31

најчитано сега