ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се на прав пат само за во опозиција

СДСМ е на прав пат за во опозиција. Македонија не смее да продолжи да тоне со Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која може да ја носи Македонија напред. Ова го велат од ВМРО-ДПМНЕ денеска.

 - Неспоредливи се кадровските капацитети на тимот на Заев со тимот на Мицкоски. Советник на Заев за енергетика е Митко Андреев, човек со кого местеа тендери, а на Мицкоски Сања Божиновска, докторант на Харвард. Неспоредливо е да се компарираат Миле Зечевиќ со професорите Александар Климовски или Лазар Јовевски. Неможат да се споредат Тања Чочарова со Гордана Силјановска Давкова. ВМРО-ДПМНЕ како стручни соработници на Мицкоски има луѓе со кредибилитет, професионално докажани, СДСМ како советници на Заев има нереализирани ликови, од кои голем дел се со сомнително минато. Македонија има потреба од луѓе кои ќе работат за државата, а не за сопствениот џеб, како што е сега со Зоран Заев на власт, велат од опозицијата.

 

 На Македонија не и се потребни повеќе луѓе без знаење и капацитет. Македонија има потреба од професионалци, кои си ја знаат работата и кои ќе го направат потребното за обнова на Македонија.

 - Граѓаните се погласно бараат промени. СДСМ мора да си замине. Потребни се предвремени избори час поскоро, велат ВМРО.

 

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2019 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега