ВМРО- ДПМНЕ: Јасна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и затоа Заев и Зекири се во паника

СДСМ е на прав пат да ја уништи државата. Деструкцијата на власта резултира со понижена држава, разурната економија, земјоделство на колена, колабирано здравство и разнишано образование, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зекири.

 Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека СДСМ знае граѓаните ја гледаат разликата меѓу криминалниот тим на Заев и ВМРО-ДПМНЕ и затоа се плаши.

„ Разбирливо е Зоран Заев и Мухамед Зекири да се плашат од тимот на стратешки соработници на Христијан Мицкоски, кога од нивна страна има докажани криминалци, мешетари, осуденици и сомнителни ликови.

Неспоредливи се соработниците на Заев со тие на Мицкоски.

Од една страна ја имаме Цветанка Ласкова а од друга Игор Дурловски.

 Заев се гордее и добива економски совети од осудуваниот Љубе Бошковски, а Претседателот Мицкоски ќе биде советуван од Владимир Дуковски, долгогодишен професор.

Странски советник на Зоран Заев е Александар Обрадовиќ, кој е познат естраден мешетар, за кого медиумите пишуваа дека бил приведуван во САД за време на кражба во шопинг центар, а од друга страна е професорот Хозе Караско.

Од една страна Заев си ги има Сокол и Силвио, за кои постои сомнежи дека и двајцата имаат досие во полицијата, еден за насилство, а Силвио за пукање на припадник на специјалните единици, додека пак во тимот на Мицкоски е Гордана Силјановска, Александар Климовски и Лазар Јовевски.

Јасна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и затоа Заев и Зекири се во паника. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која носи обнова на Македонија, а СДСМ е партија која ја води државата на криминален пат.

Зоран Заев и СДСМ ја буткаат државата во провалија. Граѓаните ја гледаат деструкцијата на СДСМ и затоа сите анкети покажуваат голема предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Зекири знае дека заминуваат во опозиција и затоа е во паника. Доаѓа време за промена на СДСМ. Доаѓа време за обнова на Македонија“ велат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега